По три и пол години се отвори рајската плажа прославена во филмот со Ди Каприо

По три и пол години се отвори рајската плажа прославена во филмот со Ди Каприо

пред 3 години

Рајската плажа на тајландскиот остров Ко Фи Фи Ле, која стана позната и се прослави по американскиот филм „Плажа“ од 2000 пак е отворена за посетители. Таа коро три години беше затворна, а отсега важат строги правила за да се заштити заливот Маја од последиците на масовниот туризам.

Заливот ќе биде отворен за посети од седум до 18 часот. Бројот на гостите ќе биде ограничен на 375 во еден час или тоа се 4.125 гости дневно. Секој гостин ќе може да се задржи најмногу еден час.

Капење во водите на заливот е забрането па сите што прекршат тоа ќе бидат казнети.

Чамците и бротчињата веќе не можат да ѝ пристапат на плажата преку заливот, туку ќе ги оставаат туристите на другата страна на островот.

По светскиот успех на „Плажа“ со Леонардо ДиКаприо во главната улога, туристите од цел свет навалија во заливот, па тоа многу го оштети екосистемот, особено коралите. Тајландската влада затоа ја затвори плажата во јуни 2018, со намера тоа да трае само четири месеци. Во мај 2019, забраната беше продолжена на две и пол години.