По шест години брак се разведоа Северина и Игор Којиќ

По шест години брак се разведоа Северина и Игор Којиќ

пред 3 години

Северина и Игор Којиќ се разведоа по шест години брак. Поп-пејачката и фудбалскиот менаџер ги потпишале документите за развод во судот во Загреб, пренесуваат регионалните медиуми.

Во јавноста се зборува дека тие се разделиле уште лани во октомври. Оттогаш Северина живее во Загреб, а Игор е во Белград. Хрватските медиуми пишуваа и дека пејачката има нов дечко, бизнисменот Томислав Воштиниќ, сопственик на голема винарница, а Игор изминатиот период го поврзуваа со неколку манекенки.

Дека не се заедно се шпекулираше и откако Северина го отследи Игор на Инстаграм, а долго време беше единствениот човек што го следеше преку нејзиниот профил.

Летово пејачката беше на Малдиви, а во исто време Игор објавуваше слики од Турција, што дополнително ги поттикна приказните за нивната разделба.

Северина и Игор се венчаа во Белград 2015 година и направија гламурозна свадба на која присуствуваа и некои од најголемите музички, спортски и филмски ѕвезди од регионот.

 

Share
Scroll to Top