По шест години врска раскинаа Кајли Џенер и Тревис Скот

По шест години врска раскинаа Кајли Џенер и Тревис Скот

пред 2 години

Кајли Џенер и нејзиното момче, раперот Тревис Скот, ја раскинаа нивната шест годишна врска. Според еден американски медиуми тие одлучиле да останат во пријателски односи.

Парот требало да ги помине заедно празниците, но Џенер одлучила да замине на Аспен за да биде со семејството и пријателите.

Џенер и Скот ја имаат четиригодишната ќерка Сторми и 11-месечниот син Волф, а се уште официјално не го објавиле раскинувањето.

Парот се запознал преку заеднички пријатели, во 2017 година на фестивалот „Коачела“, а неколку месеци подоцна Кајли забремени. Во февруари 2018 година, тие ја добија ќерката Сторми Вебстер.

Кајли Џенер целата бременост ја чуваше во тајност, па раѓањето на малата Сторми беше вест на денот во сите светски медиуми. Двојката ја прекина врската следната година, а блиски извори им рекоа на новинарите дека само паузираат. Кајли и Тревис ја обновија врската во 2021 година, а минатиот февруари добија второ дете.

Share
Scroll to Top