Водителката на Ѕвезда Гранда, Сања Кужет, подолго време е во љубов со бизнисменот Немања Живојиновиќ, кој е директор за маркетинг на автомобилска компанија
Сања неодамна откри дека љубовта помеѓу нив постои уште од тинејџерските денови. Потоа секој од нив си тргнал по својот пат, но по 10 години љубовта повторно ги споила, само овој пат го прескокнале воведот и запознавањето.
“Јавноста не знае дека бевме во емотивна врска кога и двајцата имавме по дваесетина години. Кога повторно се сретнавме, тоа беше десет години подоцна. Тогаш ни почна вистинската љубов, ама ние го прескокнавме воведот и запознавањето”, изјави Сања за српските медиуми.
Двајцата не се венчаа, но имаат две деца, синовите Андрија и Страхиња.