Турската актерска двојка – Бергузар Корел и сопругот Халит Ергенч и денес познати како Шехерезада и Величенствениот пред еден месец го добија своето трето дете, ќерката Лејла. Актреката веќе објави фотографии со неа, а и претходно на Инстаграм објави и серија емотивни фотографии од породувањето и откри дека се породувала 11 часа.
Папочната врвца на бебето била обвиткана околу вратот, а нејзиниот сопруг, Халит цело време бил со неа за време на породувањето.
Актерите се едни од најплатните во Турција, а нивната љубов почна на снимањето на познатата серија „1001 ноќ“, каде ги играа главните ликови.