По 212 години се затвора најстарата слаткарница во Истанбул

По 212 години се затвора најстарата слаткарница во Истанбул

пред 2 години

Најстарата слаткарница во Истанбул, „Лебон“, се затвора по 212 години поради превисока кирија. Таа била отворена 1810 година, од Едуард Лебон во областа Бејоглу. Потоа во 1886 година вила преселена во центарот на Инстанбул. Брендот во 1985 година го купиле Абдурахман Џенгиз и неговиот партнер Шаќир Екинчи.

dobivaj vesti na viber

Луѓето кои ја водат, се принудени да ја затворат, откако сопственикот на просториите на „Истиклал“ ја зголемил киријата. Претходната цена од 42.500 турски лири (околу 2.300 евра) е покачена на 185.000 лири (10.000 евра), вели Абдурахман Џенгиз, еден од сопствениците на слаткарницата.

„Оваа слаткарница е прва во отоманската и републиканската историја на земјата. Би сакал брендот да опстои, но тоа не успеа. За да се преселам на друго место, пак, ми требаат 10 милиони турски лири. И тоа е невозможно“, рекол Џенгиз.

Според него, во слаткарницата до сега се инвестирани 10 милиони евра, а по затворањето, 12-мина вработени ќе останат без работа.

 

Share
Scroll to Top