Водач на заговорот наводно бил Цирпијано Фернандини, бербер од Корзика, кој го мразел Линколн поради аболиционизмот. Но иако имало голем број докази за неговото учество во планирањето на атентатот, тој никогаш не бил осуден.
Не се знае ни колку луѓе биле вклучени и колкава всушност била реалната закана по животот на Линколн. Заедно со уште неколку нејзини колеги од агенцијата на нејзиниот шеф Алан Пинкертон, Ворн се инфилтрирала во групата која го планирала заговорот во Балтимор.
Овој град бил единствениот, покрај Вашингтон, кој во тоа време дозволувал белците да имаат робови. Одела и на забави носејќи го на своите гради амблемот на сецесијата, наречен кокада, вид јазол од ленти со сина, црвена и бела боја.
За да ги избегне гужвите по улиците во Балтимор, Линколн го фатил ноќниот воз кој пристигнувал во градот во 3:30 наутро.
Ворн во возот се претставила како негова негувателка и веднаш ги здобила симпатиите на кондуктерот кој им овозможил цел вагон само за неа, претседателот, Пинкертон и телохранителот на Линколн.
Кога излегле од возот, Ворн му ставила шапка на главата на Линклон и го замотала во шал. Движејќи се покрај него таа воопшто не привлекувала внимание како што тоа би го направил крупен маж за кого би било очигледно дека му е телохранител.
Ворн го чувала Линколн целата ноќ за време на патувањето. Подоцна претседателот ѝ оддал признание велејќи дека преку неа остварил шармантна и исполнувачка релација со една жена.
„Господин Линколн е многу лежерен, и толку многу висок што не можеше да легне во својата лежалка“, рекла подоцна Ворн.
За неа пишувал и писателот Брад Мелцел во неговата книга „Заговорот Линколн: Тајниот план да се убие 16-от американски претседател и зошто тој не успеал“.