Првата американска детективка, која спречила атентат на Абрахам Линколн

Првата американска детективка, која спречила атентат на Абрахам Линколн

пред 2 години

Кејт Ворн е првата американска детективка која го спречила атентатот на 16-от претседател на САД, Абрахам Линколн. Таа помогнала во разоткривањето на заговорот за убиство, откако претходно се преправила во сестра и негова негувателка.

Таа се спријателила со жените и сестрите на човекот кој имал намера да го убие Линколн и на тој начин помогнала да се разреши целиот случај.

Водач на заговорот наводно бил Цирпијано Фернандини, бербер од Корзика, кој го мразел Линколн поради аболиционизмот. Но иако имало голем број докази за неговото учество во планирањето на атентатот, тој никогаш не бил осуден.

Не се знае ни колку луѓе биле вклучени и колкава всушност била реалната закана по животот на Линколн. Заедно со уште неколку нејзини колеги од агенцијата на нејзиниот шеф Алан Пинкертон, Ворн се инфилтрирала во групата која го планирала заговорот во Балтимор.

Овој град бил единствениот, покрај Вашингтон, кој во тоа време дозволувал белците да имаат робови. Одела и на забави носејќи го на своите гради амблемот на сецесијата, наречен кокада, вид јазол од ленти со сина, црвена и бела боја.

За да ги избегне гужвите по улиците во Балтимор, Линколн го фатил ноќниот воз кој пристигнувал во градот во 3:30 наутро.

Ворн во возот се претставила како негова негувателка и веднаш ги здобила симпатиите на кондуктерот кој им овозможил цел вагон само за неа, претседателот, Пинкертон и телохранителот на Линколн.

Кога излегле од возот, Ворн му ставила шапка на главата на Линклон и го замотала во шал. Движејќи се покрај него таа воопшто не привлекувала внимание како што тоа би го направил крупен маж за кого би било очигледно дека му е телохранител.

Ворн го чувала Линколн целата ноќ за време на патувањето. Подоцна претседателот ѝ оддал признание велејќи дека преку неа остварил шармантна и исполнувачка релација со една жена.

„Господин Линколн е многу лежерен, и толку многу висок што не можеше да легне во својата лежалка“, рекла подоцна Ворн.

За неа пишувал и писателот Брад Мелцел во неговата книга „Заговорот Линколн: Тајниот план да се убие 16-от американски претседател и зошто тој не успеал“.

Мелцел пишува дека ангажирањето на Ворн како агент било клучно во спасувањето на Линколн, непосредно пред неговата инаугурација во март 1861 година.

Тој пишува дека во летото 1856 година Ворн ја ангажирал детективот Алан Пинкертон и неговата фирма во Чикаго. Тој ѝ објаснил не бара, а тогаш 23 годишната Ворн која била вдовица и се допаднала идејата да стане детектив.

Никогаш претходно, ниту една детективска агенција во САД немала ангажирано жена-истражител. Ворн можела лесно да се инфилтрира на разни места, бидејќи никој не би се посомневал дека таа е таен агент, можела да им стане пријателка на жените и девојките на осомничените.

Таа може да прави многу други нешта за кои мажите немале ни око или осет да забележат, пишува Млецел.

 

 

Share
Scroll to Top