Првата дама во друштво на холивудската актерка Натали Портман

Првата дама во друштво на холивудската актерка Натали Портман

пред 8 месеци

Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска беше во друштво на холивудската актерка Натали Портман . Двете дами зборуваа за елиминирање на насилството против жените.

“Имав прилика да разговарам со Натали Портман, актерка и застапничка за елиминирање на насилството врз жените и девојките, која посветува голем дел од своето време за поддршка на оваа наша заедничка кауза.

Ние, жените водиме битки на неколку фронтови, образование, репродуктивно здравје, економска независност, еднакви плати итн., затоа што напредок на жени насекаде, ќе значи и напредокот на државите, вклучително и нашата”, вели првата дама.

Холивудската актерка Натали Портман неодамна беше во фокусот на вниманието заради разводот со својот сопруг, со кој беше подолго време во брак. Причината за разводот е неверството, објавија медиумите.

Share
Scroll to Top