Првата Индијанка од НАСА се врати на земјата по четири месеци во вселената: Едвај дочекав да ги почувствувам ветерот, мирисот, тревата и вкусната храна

Првата Индијанка од НАСА се врати на земјата по четири месеци во вселената: Едвај дочекав да ги почувствувам ветерот, мирисот, тревата и вкусната храна

пред 2 години

Четири астронаути се вратија дома по петмесечната мисија на Меѓународната вселенска станица. Се вратија со вселенската капсула на компанијата на Илон Маск, „Спејс Икс“.

Нивната капсула утрово, по 19 часа лет, слета во водите на Мексиканскиот залив, недалеку од брегот на Флорида, во близина на Тампа.

Екипажот беше составен од астронаути од САД, Русија и Јапонија, а освен во рамки на својата мисија, морале да се позанимаваат и со неуспехот на двете руски капсули кои слетаа.

Астронаутката на НАСА, првата Индијанка во вселената Никол Ман рече дека по слетувањето едвај чека да го осети ветерот, мирисот, тревата и вкусната храна.

Јапонскиот астронаут Коичи Ваката се шегуваше за суши, додека руската космонаутка Ана Кикина рече дека едвај чека да пие топол чај од вистинска чаша, а не од пластична кеса. Астронаутот на НАСА Џош Касада рече дека едвај чека да купи куче.

Екипажот беше заменет со четворица астронаути кои пред десет дена пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, каде што ќе поминат шест месеци.

 

Share
Scroll to Top