Сузана Манчиќ за бракот со грчкиот бизнисмен: Секогаш бев добра прилика!
Лото девојка на Југославија Сузана Манчиќ (63) се омажи за грчкиот бизнисмен Симеон Окомокос пред две години. Претходно беа во љубивна врска 18 години, а Таа претходно беше мажена за Небојша Куниќ (70), член на некогаш популарната група „Седум младинци“. Се омажи за него и имаше две ќерки Теодора и Наталија.
Манчиќ за својот љубовен живот зборуваше во утринската програма на телевизијата Хепи, каде ја најавија како една од најбогатите водителки во Србија.
„Бев добра девојка за брак. Убава, вредна, ќерка единица. Отсекогаш сум била добра прилика“, прокоментира Манчиќ.
Таа исто така проговори и за бракот со Симеон
„Првиот брак ми беше од љубов, а што се однесува до вториот, докажано е дека го сакам Симеон, во врска сме 20 години. Вториот пат погледнав со различни очи. Прв пат се омажив од љубов, но како што можете да видите, љубовта е расиплива стока и исчезнува“, додаде Сузана.
Поранешна лото-девојка и грчкиот бизнисмен се венчаа во црква на островот Пилон, каде што има куќа Окомокос, а на денот покрај Манчиќ беа нејзините ќерки и нејзиното куче.
Манчиќ носеше необична дводелна венчаница и капа на главата, додека нејзиниот избраник се одлучи за едноставно темно одело и бела кошула.