Првпат во историјата вештачка интелигенција произведе пиво

Првпат во историјата вештачка интелигенција произведе пиво

пред 2 години

Век и половина успешен бизнис на познатата пиварница „Бекс“ беше одбележан на неверојатен начин, тие произведоа пиво направено од вештачка интелигенција.

Практично без човечка интервенција, пиварницата ја одбележа својата 150-годишнина со производство на Beck’s Autonomous. Ова е прв пат во историјата вештачката интелигенција да произведува пиво.

ChatGPT и Midjourney се споменати како извори што ги користеле во производството на пивото. Овие две компании за вештачка интелигенција се одговорни за целиот производствен проект, од рецепт, маркетинг до целиот процес на брендирање на производот.

Маркетинг директорката на „Бекс“ објаснила дека нејзината компанија отсекогаш била во првите редови на иновациите во светот на пивото, според Drinks Business.

Овој светски познат бренд, особено меѓу љубителите на доброто пиво, наведува дека Beck’s Autonomous pilsner е направен од локални и природни состојки. Содржи 5% алкохол и е спакуван во хибридна лименка од стакло и алуминиум.

Од компанијата „Бекс“ наведуваат дека секогаш ќе бидат во чекор со времето и иновациите во светот на технологијата, а често ќе имплементираат нови производи и ќе го користат потенцијалот на вештачката интелигенција за поттикнување на иновациите и креативноста во светот на пивото.

Share
Scroll to Top