Пред да се самоубие глумецот Џејсон Дејвид Франк се расправал со сопругата, барале одвоени соби во хотелот каде се обесил

Пред да се самоубие глумецот Џејсон Дејвид Франк се расправал со сопругата, барале одвоени соби во хотелот каде се обесил

пред 2 години

Глумецот Џејсон Дејвид Френк, познат како моќниот ренџер Томи, во популарната серија во деведесетите, се скарал со жена му непосредно пред да се самоубие во неделата на 19 ноември. Како пренесува „ТМЗ“, имал брачни проблеми месеци претходно, а со сопругата Теми барале и одвоени соби во хотелот каде се обесил.

dobivaj vesti na viber

Двајцата имале голема расправа во петокот и саботата, па морала да реагира и полицијата. Двајцата отседнале во хотел, а по расправата настанал немир во хотелот, па морало да реагира обезбедувањето. Причината за кавгата наводно била аферата на Џејсон со друга жена.

Американските медиуми сега пренесоа дека двајцата биле сè уште заедно пред глумецот да дигне раце од себе. По кавгата во петокот вечерта, во саботата утрото повторно се слушнала галама, по што Френк ја исфрлил Теми од неговата соба. Таа повикала полиција. Прво не можела да ги добие, а кога стигнале го нашле обесен во купатилото.

Share
Scroll to Top