Прекинато испитувањето на вакцината против корона, учесниците во студијата добиле необјаснива болест

Прекинато испитувањето на вакцината против корона, учесниците во студијата добиле необјаснива болест

пред 4 години

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“, привремено го прекина клиничкото испитување на потенцијалната вакцина против коронавирусот. Прекинот бил направен поради необјаснива болест која ја добиле учесниците во студијата, велат од компанијата.

Болеста на учесниците ја испитува независен одбор за надгледување на податоците и безбедноста. Во соопштението испратено од компанијата, се истакнува дека таквите паузи и прекини се вообичаени во текот на испитувањето, кое може да опфаќа над десетина илјади луѓе.

Ова е втор прекин на испитувањето на вакцината која ја спроведуваат повеќе производители во светот, откако компанијата „Астра Зенека“, направи пауза во доцната фаза на тестирањето на својата експериментална вакцина, која ја развива на Универзитетот Оксфорд.

Прекинот исто така беше направен поради болест која се јавила кај учесниците во студијата. Испитувањата на вакцината во Велика Британија, Бразил, Јужноафриканската Република и Индија е продолжена, но во САД сè уште е во фаза на прекин.

Од компанијата „Џонсон и Џонсон“, соопштија минатиот месец дека нејзината експериментална вакцина против Ковид 19, произвела силен имунилошки одговор во раната фаза од испитувањето, по што е започната финалната фаза на експриментирање на 60.000 учесници.

Резултатите се очекуваат да пристигнат на крајот на оваа или почетокот на наредната година.

Два услови се потребни да бидат исполнети за животот се врати во нормала по коронавирусот, вели Бил Гејтс

 

 

Share
Scroll to Top