Претепан главниот осомничен за убииството на малото девојче Медлин Мекен

Претепан главниот осомничен за убииството на малото девојче Медлин Мекен

пред 3 години

Главниот осомничен за исчезнатата и убиена Медлин Мекен, Кристијан Брукнер, е претепан за време додека бил во притвор. На Брункер, додека го чекал судењето му биле скршени две ребра, пренесуваат светските медиуми.

Осудениот силувач и педофил се здобил со повреди, па веднаш бил пренесен во болница. Вчера за првпат бил виден во јавноста, кога го носеле на суд.

Брукнер требало да се појави пред германските судии за да поднесе барање за условен отпуст во врска со случај поврзан за дрога. Тој во моментов е во затвор, каде отслужува казна од 21 месец поради кривични дела кои се поврзани со дрога.

Барањето ќе може да му се исполни на 6. јануари, откако ќе отслужи две третини од казната. Брукнер преминал пат од околу 300 километри од затвор до судницата, а потоа завршил во болница пред да почне сослушувањето. Подоцна е откриено дека му биле скршени две ребра.

Брункер во судницата пристигнал повеќе од еден час пред почетокот на сослушувањето и е сместен во ќелија. Потоа на тоа место до инцидент, пренесува „Мирор“.

Околу 40 минути од неговото пристигнување, тој бил однесен во болница со возило на Итна помош. Затворскиот чувар им пренел на лекарите дека некој направил неред во ќелијата, велат сведоците.

На Брункер му била дадена потребната помош, а потоа бил вратен во судот. Сослушувањето почнала со два часа задоцнување. Судските официјални лица одбиле да го коментираат инцидентот.

Неговиот адвокат вели дека клиентот му бил повреден поради интервенција на чуварите и дека ќе подигне тужба, а од друга страна, судот инсистира дека Брункер паднал во ќелијата, додека го чекал сослушувањето.

Share
Scroll to Top