Придобивки од утринското вежбање - Reporter.mk

Придобивки од утринското вежбање – Reporter.mk

пред 3 години

Знаеме колку е важна физичката активност не само за здравјето, туку и за одржувањето на формата на телото, но она што малкумина го знаат е дека најдоброто време за вежбање е утрото. Повеќето веднаш помислуваме „Вежбањето е вежбање, независно дали е во 06.00 или во 18.00 часот, а 300 калории се 300 калории без разлика дали се согорени наутро или навечер“. Вистината е дека придобивките од утринското вежбање далеку ги надминуваат согорените калории. Физичката активност наутро дава и забрзан метаболизам, подобар сон, ги прави луѓето посреќни и поенергични.

Не е лесно да се стане од креветот, да се земе спортската опрема и да се започне со трчање, пешачење или аеробик вежби, но еве неколку причини за мотивација.

1. Поверојатно е дека вежбањето ќе премине во навика

Со одложување на вежбањето за по завршувањето на работното време,  поверојатно е дека ќе произлезе добар изговор за воопшто да не се започне со вежбање тој ден.

Тренингот наутро е најдобриот начин за да се осигураме дека другите обврски нема да ни го окупираат времето посветено на зајакнување на телото, особено ако некој води динамичен живот. Доколку ја испланираме физичката активност за почетокот на денот, тогаш ништо не може да ни застане на патот. Всушност, најголем дел од луѓето кои редовно вежбаат го преферираат утринското вежбање.

2. Забрзан метаболизам во текот на денот

Често скокаме од креветот и што е можно побрзо летнуваме низ врата. Во вакви моменти се чувствуваме будни, но не може истото да се каже и за нашиот метаболизам. .

Утринското вежбање не само што помага моментално да се забрза метаболизмот, туку телото ќе продолжи да согорува калории и по вежбањето. Тренингот наутро е одличен начин да го принудиме телото да согорува повеќе калории со истиот напор кој би го вложиле и навечер.

 

 

3. Ке се чувствуваме поенергично

Иако треба да се извлечеме порано од креветот за да го раздвижиме телото, тоа нема да ни ја намали енергијата. Напротив, физичката активност во утринските часови го подобрува расположението и ја зголемува енергијата.

Додека се вежба, се снабдуваат мускулите, органите и другите ткива во телото со кислород и хранливи состојки. Тоа ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем и ни дава енергичен почеток на денот.

4. Поквалитетен сон во текот на ноќта

Избркајте ја несоницата со редовно утринско вежбање, околу 4 пати неделно.

Физичките вежби ја покачуваат температурата на телото и го држат мозокот активен, па лицата кои вежбаат навечер имаат проблеми со спиењето. Неопходни се околу 3-4 часа по завршувањето на физичката активност за телото да се олади доволно за заспивањето да не претставува проблем. За разлика од вечерното вежбање, утринскиот тренинг има позитивен ефект врз деноноќниот ритам на телото, што придонесува за подобар сон.

5. Подобра контрола врз апетитот и поздрава исхрана

Редовно поткаснуваме слатки задоволства затоа што не можеме да го контролираме апетитот. Брзата калорична храна ја ставеме пред овошјето и зеленчукот. Со вежбање наутро најверојатно ќе се промени и исхраната.

Физичката активност ослободува ендорфини кои не прават позадоволни и посреќни, па нема да има потреба да бараме задоволство во храната. Истовремено, поквалитетниот сон во текот на ноќта придонесува за одржување на хормоналниот баланс кој помага во контролирањето на апетитот. Истражувањата покажуваат дека лицата кои вежбаат наутро не само што јадат помалку во текот на денот, туку и избираат поздрава храна.

6. Поостар ум

Мислиме дека кафето е најдобриот начин за будење на мозокот наутро, но она што навистина му е потребно е кислород кој ќе го добие преку вежбањето.

Всушност, остриот ум е една од придобивките кои ни ги дава физичката активност, а ефектот трае 4-10 часа по завршувањето на тренингот. Вежбањето наутро овозможува да ги искористиме максимално часовите кога мозокот работи најактивно.

7. Поголема продуктивност на работното место

Тренирањето пред да се упатиме кон канцеларија не само што го намалува нивото на стрес, туку води и до поголема продуктивност. Истражувањата покажуваат дека физичката активност ја подобрува способноста за извршување на умствени задачи и го подобрува памтењето.

8. Поголема среќа и чувство на исполнетост

Инвестиција од неколку минути за вежбање наутро ни го подобрува расположението во текот на денот.

Физичките вежби релаксираат и го поттикнуваат мозокот да произведува ендорфини, хормони заслужни за доброто расположение. Луѓето кои вежбаат најмалку 30 минути наутро како награда добиваат насмевка на лицето до крајот на денот. Ако го додадеме и чувството на исполнетост и задоволство кое се појавува поради фактот дека сме направиле нешто добро за себе, ја добиваме комплетната слика на придобивките од утринското вежбање.

 

Share
Scroll to Top