Принцот Вилијам за борбата на Кејт Мидлтон со ракот: „Таа помина низ толку многу…“

Принцот Вилијам за борбата на Кејт Мидлтон со ракот: „Таа помина низ толку многу…“

пред 5 часа

За време на гостувањето во радио емисијата „Појадок со срце“ што ја водеа Џејми Тикстон и Аманда Холден, принцот од Велс не штедеше пофални зборови за својата сопруга.

– Таа е неверојатна мајка и неверојатна сопруга. Буквално, нашето семејство не можеше да функционира без неа. Таа беше апсолутно неверојатна – рекол Вилијам.

Посебен фокус на разговорот беше ставен на првото официјално патување на Кејт во странство по нејзината дијагноза. Имено, принцезата ја посети Италија претходно овој месец како дел од нејзиниот проект за развој во раното детство.

– Многу сум горд, многу, многу горд. Помина низ толку многу во последните неколку години. Навистина се радуваше на патувањето во Италија и ми е мило што сè помина добро. Се врати полна со енергија – додал тој.

Вилијам, исто така, откри дека Кејт е вистински професионалец кога станува збор за нејзината работа со деца, додавајќи дека поголемиот дел од вечерите ги поминува читајќи документација во спалната соба.

Сепак, тој забележа дека тие мора да бидат внимателни со нејзиното темпо на работа: „Овие патувања одземаат многу енергија, па затоа мора да ги балансираме одговорностите за да се осигураме дека таа е добро и дека има доволно одмор.“

 

Share
Scroll to Top