Интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари кај Опра Винфри, во кое тие зборуваа за нивниот однос со членовите на кралското семејство, предизвика многу бурни реакции во Велика Британија.
Потсетуваме, Меган зборуваше за расистичките забелешки со кои се соочувала, како и за сличните непријатности, но не сакала да го именува членот на кралското семејство на кого ова се однесувало.
После сѐ, од сите членови на семејството, се огласи само кралицата Елизабета, која во својата изјава напиша дека ѝ е жал затоа што Меган и Хари поминале низ ова и дека секогаш се добредојдени членови на семејството.
Принцот Вилијам, новинарите на минување успеја да го прашаат дали се слушнал со неговиот брат, а тој одговорил дека не, но дека планирал, како и дека не постои расизам во неговото семејство.
Сепак, сега во јавноста се појавија информации што ги изнесе г-ѓа Кинг, блиска соработничка на Опра Винфри, според која принцот Хари наводно разговарал телефонски со неговиот татко, принцот Чарлс и со неговиот брат, принцот Вилијам.
Наводно не била направено поместување во комуникацијата и сите останале со истиот став каков што го имале, но сметаат дека е големо олеснување што воопшто и се слушнале. Меган не учествувала во разговорот, но сега се појави нов проблем.
– Мислам дека најголемиот проблем е тоа што палатата сè уште сака приватно да ги реши сите проблеми, без учество на јавноста. Големиот проблем се и лажните приказни што излегуваат за Меган Маркл. Од кралското семејство било побарано да интервенира поради приказните кои не се фер и немаат никаква врска со вистината за Маркл. Сѐ додека не го препознаат ова како проблем, ќе биде тешко да се оди подалеку, иако Хари го сака тоа, сепак, тоа е неговото семејство – вели извор близок на Опра.