googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });
По смртта на принцот Филип, неговото место на тронот, покрај кралицата Елизабета Втора, го завзеде неговиот син принцот Чарлс, пишуваат британските медиуми. Принцот Филип, почина во саботата на 99. годишна возраст. Сега неговиот син стана новиот војвода од Единбург.
Кога Чарлс ќе стане крал, односно кога ќе умре кралицата Елизабета, оваа титула ќе ја наследи принцот Едвард, најмладиот син на кралицата Елизабета и принцот Филип.
Едвард во моментов ја носи титулата грофот од Весекс, која ја доби на денот на неговата венчавка. Оваа одлука е донесена уште во 1999 година, од страна на кралицата Елизабета Втора и принцовите Филип и Чарлс, кога грофот од Весекс, се ожени со Софи Рајс Џонс.