Продавачка на пазарот во Вухан е првиот случај на коронавирус, вели американско истражување

Продавачка на пазарот во Вухан е првиот случај на коронавирус, вели американско истражување

пред 3 години

Според најновите истражувања во Америка, првиот познат случај на коронавирус е продавачка на пазарот во кинескиот град Вухан, а не сметководител кој немал никакви врски со пазарот, што ги покрена шпекулациите дека вирусот можеби протекол од лабораторија.

Мајкл Вороби,шефот на одделот за екологија и еволуциска биологија на Универзитетот на Аризона, изјави дека сметководителот кој досега се сметаше за првата заразена личност, првите симптоми ги пријавил на 16 декември. Сепак, симптомите кај него се појавиле по повеќе случаи на пазарот Хуенан, со што една тамошна продавачка стана најраниот познат случај на коронавирус, со појава на болеста на 11 декември.

Тој додаде дека најраните симптоматски случаи на коронавирусот се поврзуваат со пазарот, особено со западната секција, каде што имало затворени ракуни.

Сепак сè уште останува мистерија потеклото на вирусот што го предизвика ковид-19, кој воедно е главен извор на тензиите помеѓу САД и Кина.

Претходно се направија неколку истражувања околу неговото потеклото, па така една заедничка студија на Кина и Светската здравствена организација ја отфрли теоријата дека вирусот потекнал од лабораторија, велејќи дека најверојатната хипотеза е дека бил пренесен на човек преку трговијата со диви животни. А потоа тим од СЗО помина четири недели во и околу Вухан и во извештајот од март заклучи дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци врз луѓето преку некое друго животно, но и дека се потребни дополнителни истражувања.

 

Share
Scroll to Top