Продажбата на нови автомобили расте веќе четврт месец во Европа

Продажбата на нови автомобили расте веќе четврт месец во Европа

пред 2 години

Бројот на нови патнички автомобили регистрирани во Европската унија е пораснат веќе четврти месец по ред, заклучно со ноември.

Но и покрај позитивниот раст, продажбата во текот на 11 месеци годинава и понатаму е во пад. Ова го покажале податоците од Европската асоцијација на производители на автомобили ACEA.

Со вкупно 829.527 нови регистрации во ЕУ од минатиот месец е забележан раст за 16,3% во однос на истиот месец минатата година, известија од ACEA.

I покрај растот на продажбата во последните четири месеци, од јануари до ноември, е забележан пад на продажбата на нови автомобили во цела ЕУ, за 6,1 отсто во однос на истиот период лани.

Дополнително, бројот на нови возила во ноември остана значително помал од истиот месец пред три години и пред пандемијата, кога беа регистрирани околу еден милион.

На месечно ниво, растот на продажбата на возила е забележан во сите најголеми пазари. Најмногу е зголемена продажбата во Германија, 31,4 отсто, додека во Италија продажбата е зголемена за 14,7 отсто. Во Шпанија 10,3 отсто и во Франција 9,3 отсто.

На прво место со нови регистрации меѓу производителите е групацијата Фолксваген во ноември, која оствари 36,4 отсто скок во продажбата на месечно ниво, вклучително и Порше со пораст од 18 отсто. „БМВ“ забележа пораст на ниво на целата групација за 14,2 отсто, а „Мерцедес-Бенз“ за 10,8 отсто.

 

Share
Scroll to Top