Проданоски: Една деценија „Гентерм“ – нови работни места и развојни можности за прилепчани

Проданоски: Една деценија „Гентерм“ – нови работни места и развојни можности за прилепчани

пред 4 часа

Во Прилеп беше одбележана 10-годишнината од постоењето и работењето на компанијата „Гентерм“ во ТИРЗ Прилеп, која во изминатата деценија прерасна во значаен фактор за развојот на локалната економија.

На одбележувањето на јубилејот присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, кој истакна дека компанијата од 2016 година континуирано создава работни места и нови можности за жителите на Прилеп.

Според него, придонесот на „Гентерм“ не се огледа само во вработувањата, туку и во реализираните инвестиции, примената на современи технологии, пренесувањето знаење и соработката со локалниот бизнис-сектор.

„Како Општина, ќе продолжиме да бидеме партнер на компаниите кои инвестираат, растат и создаваат нови можности, затоа што силен и развиен бизнис-сектор значи и посилна локална економија и повеќе можности за нашите граѓани“, порача Проданоски.

Поддршка за образованието, младите и локалната заедница

Градоначалникот го нагласи и значењето на општествената одговорност на компанијата. Тој посочи дека „Гентерм“ во изминатите години обезбедувала поддршка за образованието, младите, спортот, културата и бројни иницијативи од значење за локалната заедница.

„Овој јубилеј е повод да им се честита на сите вработени, на менаџментот и на сите кои во изминатите 10 години беа дел од оваа успешна приказна“, истакна Проданоски.

Тој упати честитки до компанијата по повод значајниот јубилеј и ѝ посака уште многу успешни години, нови инвестиции, дополнителни работни места и нови достигнувања во Прилеп.

Share
Scroll to Top