Продолжува јавната дебата за новиот лик на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

Продолжува јавната дебата за новиот лик на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

пред 6 часа

Општина Битола денеска го одржа вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој беа презентирани повеќе предлог-идеи за неговата иднина и можното ново обликување на просторот.

На форумот беше нагласено дека целта на овој и претходниот состанок е да се заокружи поширок процес на консултации со граѓани, уметници и стручната јавност, преку размена на идеи, дискусии и искуства, пред финализирање на проектното решение.

Според важечкиот Детален урбанистички план, за оваа локација е предвиден голем и комплексен проект кој вклучува две подземни нивоа, од кои едното е наменето за паркирање, како и подземна сообраќајница и кружни текови. Сепак, беше истакнато дека станува збор за долгорочно и финансиски значајно решение, поради што во меѓувреме се бараат преодни решенија преку вакви јавни форуми.

На денешната средба свои идеи презентираа неколку уметници, а процесот на собирање предлози ќе продолжи и во наредниот период. Сите пристигнати идеи ќе бидат разгледани од стручната фела и општинската администрација, по што се планира распишување конкурс за идејно решение.

Општината ја истакна намерата плоштадот „Гоце Делчев“ во иднина да се трансформира од простор за паркирање во современа урбана пешачка зона.

Share
Scroll to Top