Центарот за зачувување и развој на македонската фолк-музика, фолклорното творештво, едукација и иновации за деца, ја промовираше првата музичка фолк-сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“.
Сликовницата е уникатна со својот концепт, зашто првпат се прави ваква илустрација на македонска народна песна, каква што е „Слушам кај шумат шумите“. Целта на сликовницата е да даде придонес во зачувување на македонското фолклорно творештво и тоа да им се понуди на децата во форма која ќе биде прифатлива за нив. Сликовницата го содржи текстот на песната и нотни записи, распоредени според строфите. Илустрациите за книгата ги направи Маја Димитрова.
Издавачот на детската фолк-сликовница „Фолконика“ најави дека ова е прва од неколкуте фолк-сликовници што ќе ги издадат, а идејата е да бидат презентирани и дистрибуирани пред детската популација во предучилишна и училишна возраст, градинките, воспитно- училишните установи, училиштата, специјализираните едукативни центри и библиотеки.