Промовирана „Љубов“ на Марија Данева и „Стенд бај бенд“: Направивме вистински избор на песна како наше првенче

Промовирана „Љубов“ на Марија Данева и „Стенд бај бенд“: Направивме вистински избор на песна како наше првенче

пред 2 месеци

Пејачката Марија Данева, која публиката ја препознава по моќниот вокал и ноќните забави со „Стенд бај бенд“, вчера ја промовираше својата прва песна, „Љубов“ .

„Љубов“ е динамична песна во поп-рок стил, авторско дело на Сашо Стојановски, тапанар во бендот, а аранжманот е на Бобан Василевски.

„Создадовме песна и спот со многу љубов, самата енергија додека ја снимавме песната, позитивната атмосфера за време на снимањето на спотот, синергијата помеѓу сите нас се еден одличен показател кој говори дека сме направиле вистински избор на песна како наше првенче“, рече пејачката Данева на промоцијата и најави поголема активност со својот бенд на  македонската музичка сцена.

Песната доби видео запис, снимен на повеќе локации во Скопје.

Share
Scroll to Top