Поранешната менаџерка на Кание Вест и Ким Кардашијан, Анѓела Енџи Кукавски, е пронајдена мртва во Лос Анџелес. Таа била најдена во багажникот во автомобил, а полицијата како главен осомничен го посочува нејзиното момче Џејсон Баркер.
Енџи била пријавена за исчезната на 22 декември, а полицијата тврди дека Џејсон ја убил во нејзиниот дом во Шерман Оакс, го ставил телото во багажникот, а потоа го оставил автомобилот во долината Сими.
Пријателите и колегите на Енџи велат дека таа била успешна менаџерка и работела за голем број светски ѕвезди меѓу кои и Ники Минаж и Кание Вест.
„Тажни сме и скршени ни се срцата поради загубата на нашата колешка. Енџи беше љубезна и прекрасна личност и ќе ни недостига на сите. Сакаме да го споделиме нашето најдлабоко сочувство до нејзиното семејство и пријателите“, рече еден од вработените во нејзината компанија.