Пронајдени украдените кучиња на Лејди Гага за кои пејачката нудеше 500.000 долари награда

Пронајдени украдените кучиња на Лејди Гага за кои пејачката нудеше 500.000 долари награда

пред 3 години

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека се пронајдени двата француски булдога на Леди Гага. Тие беа украдени откако крадци пукаа и го ранија Рајан Фишер, мажот што ги шеташе кучињата во близина на домот на пејачката во Малибу. Гага веднаш понуди награда од пола милион долари за тој што ќе ги пронајде.

Кучињата во полициска станица го донела жена, и според првите информации, таа не е поврзана со пукањето ни со кражбата на кучињата. Нејзиниот идентитет и локацијата каде се пронајдени кучињата не се откриваат поради нејзината безбедност и истрагата што е во тек, соопшти полицијата.

Претставникот на Лејди Гага и детективите што работат на случајот отишле во станицата каде што се донесени кучињата, и потврдиле дека тоа се булдозите на пејачката.

Фишер, во кого пукаа крадците, и понатаму е во болница. Тој беше застрелан во градите со четири куршуми. Видеото од нападот врз Фишер се појави во медиумите, а според извори блиски до Гага, таа дала дозвола тоа да се објави, за да помогне побрзо да се пронајдат напаѓачите.

Поп-ѕвездата моментално е во Рим каде снима филм за убиството на Маурицио Гучи и ја игра неговата сопруга која го нарачала убиството.

(Вознемирувачко видео) Објавена снимката со напаѓачите кои пукаат во човекот кој ги шета кучињата на Лејди Гага

Share
Scroll to Top