Пропатувал половина земја за да ископа дијамант за свршеничкиот прстен

Пропатувал половина земја за да ископа дијамант за свршеничкиот прстен

пред 3 години

Кристијан Лиден од Вашингтон, вели дека ја прошетал половина земја за да ископа дијамант и да направи свршенички прстен за неговата девојка.

Тој целиот живот сонувал да пронајде необработен дијамант од кој ќе го направи свршеничкиот прстен, но, никогаш не помислил дека неговиот сон и навистина ќе се оствари. Тој уште од средно школо сонувал да го ископа дијамантот, но, не знаел како да почне.

Кога пораснал, сватил дека идејата за копање дијаманти во САД е неверојатно тешко остварлива. Кога пред три години негов колега му кажал за Кратер дијаманти во Арканзас, Кристијан знаел дека ќе успее да го оствари својот сон.

Тој веќе две години е во врска со неговата девојка Дезира и вели дека знаел дека прстенот ќе биде баш за неа.

„Тогаш почнав да го планирам патот и како сето тоа ќе го изведам. Почнав да ги истражувам дијамантите“, изјавил Кристијан за „Си-ен-ен“.

Тој вели дека гледал снимки на кои луѓето успешно наоѓале дијаманти во резерват во природата во Арканзас и вели дека се обидел да собере колку е можно повеќе информации пред да го почне патувањето. Неговиот пријател Џош, кој знаел за сонот на Кристијан уште од стартот, решил да му се приклучи во оваа авантура.

Кристијан се подготвувал за пат, додека Дезира била на работа. Тој не сакал да и каже и да го расипе изненадувањето.

„Таа знаеше дека ќе одам на некакво патување, но, не знаеше каде. И реков дека ќе одам во обиколка на некои резервати и национални паркови, но, таа немаше поим што дека ќе барам дијаманти“, изјавил тој.

Кристијан влеи дека планирал да ја запроси одма откако ќе се врати од патувањето. На почетокот на мај, Лиден и Џош тргнале во авантура и првата станица им била Монтана, каде побарале сафири, за секој случај ако им пропадне рударењето во Арканзас.

По успешното копање во Монтана и еднодневниот престој во Јелоустон, двајцата на 7. мај стигнале во Арканзас, со надеж дека ќе пронајдат игла во грст сено.

На почетокот немале успех, но тогаш го промениле системот и почнале да копаат по површината на рудникот. На крајот на денот, тие ги товариле последните колички и кога пончале да сејат, во земјата се појавил жолт дијамант тежок повеќе од два карати.

„Почнав да се тресам, навистина се тресев. Го викнав ортакот и му покажав да го види“, вели Кристијан, кој додека бил во шок, неговиот пријател му го земал дијамантот и веднаш го ставил во ќеса за да не го изгубат.

„Никогша не очекував вакво нешто. Се надевав дека ќе најдам некои мал дијамант кој ќе можам да го ставам на прстен и да кажам, еј го ископав тој дијамант“, вели Кристијан.

Двајцата отишле до центарот на рудникот за да пријават што пронашле. Дијамантот од 2,2 карати е најголемиот пронајден дијамант во паркот од октомври месец, откако претходно, еден посетител од Фајетвил, во Арканзас пронашол жолт дијамант од 4,49 карати.

Еден ден откако се вратиле, Кристијан за време на една прошета низ шумата и берењето печурки тој ја запросил неговата девојка. Дезира се согласила. Двајцата сега бараат некој кој ќе им го дизајнира прстенот на кој ќе го има дијамантот кој го нашол Кристијан.

Двајцата велат дека не им се брза.

„На крајот сѐ се заврши како што треба, совршено“, изјавил Кристијан.

Share
Scroll to Top