„Прославувам четири години целибат, мажи - држете се подалеку од мене“

„Прославувам четири години целибат, мажи – држете се подалеку од мене“

пред 9 часа

Риалити ѕвездата Клои Кардашијан неколку пати проговори за својот целибат, а сега откри дека ја прославила својата четврта годишнина како нема интимни односи.

Се чини дека сè уште не ја преболела својата турбулентна врска со Тристан Томпсон, па затоа ги откри деталите во нова епизода од ријалити шоуто „Кардашијан“.

Како што истакна, нејзините 1460 дена без секс се однесуваат на периодот по раскинувањето со Тристан, пред раѓањето на нејзиниот син Тејтум.

„Да, овој декември навршуваат точно четири години, имам пајажина таму долу, поминаа толку години откако имав секс“, рече Клои.

Секако, следеше прашањето дали е среќна што е сама и дали ѝ недостигаат излегувањата.

„Не ми недостига ништо. Не мислам дека мажите или состаноците ќе се случат наскоро. И не сакам да се случат. Во моментов, не се грижам дали некој ќе ми се јави, ќе ми пише порака, држете се подалеку од мене“, јасно рече Клои.

Риалити ѕвездата истакна дека не ѝ недостасуваат врски бидејќи „сите се луди и сè што прават е да додаваат стрес, проблеми и солзи“.

На ова сигурно влијаел нејзиниот комплициран и турбулентен љубовен живот. По бракот со Ламар Одом, кој беше пронајден во кома во хотел, имаше неколку краткотрајни врски, а потоа и турбулентна врска со Тристан Томпсон, кој ја изневерувал дури и додека била бремена со нивното прво дете.

Подоцна, Клои дознала и дека нејзиниот партнер има син со друга жена, па дури и ја изневерил со блиска пријателка.

Share
Scroll to Top