Путин го обвинија за крвави убиства без да разберат што навистина се случува, Оливер Стоун го брани рускиот претседател

Путин го обвинија за крвави убиства без да разберат што навистина се случува, Оливер Стоун го брани рускиот претседател

пред 3 години

Трикратниот американски оскаровец, Оливер Стоун, застана во одбрана на Владимир Путин и руската инвазија врз Украина. Тој рече дека западните медиуми треба да го видат поширокиот контекст, а даде и своја анализа која оди во корист на Русија.

„Среде хистеријата на западните медиуми кои го обвинија Путин за крвавите убиства и изоставување на клучните факти, најважно е да се разбере целиот спектар на она што се случува. Над сè треба јасно да се размисли“, рече Стоун и сподели линкови од историските односи меѓу Путин и Украина кои за него се причина за војната.

За потсетување, Оливер Стоун важи за голем пријател на Путин. Тој во 2015 година го сними и документарецот The Putin Interviews кое траеше четири часа. Путин му дозволи да биде со него целото време додека ги извршува своите секојдневни активности.

Share
Scroll to Top