Путин силата ја црпи од здравата исхрана

Путин силата ја црпи од здравата исхрана

пред 3 години

Рускиот лидер Владимир Путин, води сметка за тоа што јаде, па светските медиуми пишуваат дека најмногу ужива во руската храна, додека странските рецепти ретко се наоѓаат на неговата трпеза.

Исхраната на првиот човек на Руската Федерација ја анализирала српската нутриционистка, Јована Срејиќ Ферлуда. Руската исхрана воглавно се состои од чорби, супи и готвени јадење од скромни состојки.

Русите првенствено јадат доста здрави намирници како што се туршија и бел лук, цвекло и компир, кој на организмот му даваат многу железо и витамин Ц, а без кои руската трпеза е невозможно да се замисли.

Путин сака житарици и мед, најчесто доручкува овесна каша или леќа за појадок, со додаток на мед. Често денот го почнува и со младо сирење, а сака и препечени јајца.

Претседателот на Русија редовно јаде домати, краставици, а секогаш предност и дава на рибата, кога станува збор за изборот на месо. Од останатото месо најмногу сака да јаде јагнешко, додека не е нешто луд по слатките. Сепак постои една намирници на која не може да и одолее.

Тоа е сладоледот. Путин најчесто не руча затоа што нема многу време. Вечера лесна храна со млечни производи. Негоата исхрана главно може да се дефинира како медитеранска, а најчесто избегнува преработени производи и алкохол.

Сепак повремено сака да испие некое вино или пиво, но, никогаш не пие кафе. Секогаш се расонува со зелен чај. Меѓу омилените пијалоци му е сокот од цвекло.

„Житариците му се често на неговото мени. Ваквите каши го продолжуваат чувството на заситеност и го стабилизираат шеќерот во крвта. Тие се одличен извор на витаминот Б и бројни минерали, а содржат и диетални влакна. Путин може и да го прескокне ручекот, затоа што кашата му дава чувство на заситеност“, вели Срејиќ Ферлуга.

Путин обожава да пие кефир, или кепир е ферментиран млечен пијалак кој потекнува од Кавказските планини направени со кефир “зрна”.

Тоа му е омилениот киселомлечен производ во Русија.

„Затоа што најмногу сака риба од секаков вид на месо, тој обезбедува доволно омега-3 масни киселини. Конзумирањето на лесни протеини, го балансира со јагнешко и на тој начин осигурува доволно извор на железо“, вели Јована Срејиќ Ферлуга.

 

Share
Scroll to Top