Мишел и Барак Обама се разведуваат по 30 години брак, пренесува Globe. Магазинот уште пред неколку години пишуваше дека поранешниот американски претседател и неговата сопруга често се расправале и дека сега ги подготвиле документите за развод.
Барак планирал да се разведе од Мишел уште пред три години, а причината била нејзиниот раскошен живот. Поранешната прва дама на САД ѝ се доверила на блиска пријателка, дека сопругот повеќе не ѝ давал пари за нејзиниот скап и растрошен животен стил.
Според Globe, Мишел наводно задоволно ја примила веста, затоа што и така планирала да се разведе од Барак поради неговите бројни неверства.
Извор близок до двојката открил дека Барак ја спречил Мишел да поднесе барање за развод, кој веќе со нејзините адвокати го подготвила. Мишел била подготвена да стави крај на токсичниот брак, на обострано задоволство, открива изворот.
Бидејќи Барак повеќе не бил во Белата куќа, бракот ја изгубил смислата, дополнува тој.
Мишел е подготвена да го уценува Барак и да проговори за неговите бројни вонбрачни афери со славни жени. Таа е подготвена да излезе во јавноста со нивните имиња, тврди изворот.
Мишел почнала и лично да ги нарекува љубовниците на Барак. Globe во еден од своите текстови објави и дека двојката била видена заедно, но не ги носела на себе венчалните прстени.
Магазинот пренесува дека фотографиите кои ги направиле без прстените, се доказ дека работите во бракот не се идеални. Двојката е речиси 30 години во брак, а заедно ги имаат и ќерките Малију и Наташа.