Раде Шербеџија ја омажи ќерката Нина, свадбата била во Нови Сад

Раде Шербеџија ја омажи ќерката Нина, свадбата била во Нови Сад

пред 10 месеци

Актерот Раде Шербеџија ја омажи ќерката Нина. Таа се омажи за нејзиниот долгогодишен дечко Филип, а церемонијата се одржала во Нови Сад.

Шербеџија и неговата сопруга Ленка Удовички ја славеа свадбата на нивната ќерка. Нина до олтарот ја придружувал нејзиниот татко држејќи ја за рака.

Таа носела долга раскошна венчаница со превез на главата.

Раде освен Нина ги има и ќерките Милица и Вања од бракот со Ленка, а синот Данило и ќерката Луција од првиот брак со Иванка Церовац.

Ленка и Раде се во брак 31 година, а тајната на нивната долготрајна љубов еднаш ја откри за магазинот ИН.

„И ќе имаме уште 30. Никогаш не е досадно со неа. Ленка не доаѓа на моите концерти затоа што е нервозна поради мене. Таа нема нервоза кога јас глумам, но кога пеам има нервоза“, изјавил Шербеџија.

Share
Scroll to Top