Разни теории на заговор за тоа дека Индија има своја НЛО база на Хималаите

Разни теории на заговор за тоа дека Индија има своја НЛО база на Хималаите

пред 3 години

Индија има своја НЛО база на Хималаите, пренесуваат некои од светските таблоиди. За некои тоа звучи по малку бизарно, но, за љубителите на заговор ова претставува голема вест.

Базата се наоѓа на превојот со ниски гребени, во спорното индиско-кинеско погранично подрачје во Ладах. Кинезите кои го држат североисточниот дел, познат како Акса Чин, додека индискиот југозападен дел е познат како Ладак.

На ова место, индиската и кинеската војска во 1962 година, воделе големи војни и ова е едно од најмалку пристапните подрачја на светот, а според договорот на двете држави, во овој дел на границата, не патролираат тимовите на двете држави.

Тие ова подрачје го следат од далечина и очигледно се свесни за сеопфатните случувања поврзано со НЛО експедициите, кои тука се одвиваат.

Медиумската покриеност на овие подрачја е толку ниска, што го прави идеално место за извршување на активности кои претставуваат закани за двете нации.

Првите докази за темата за НЛО база се појавија уште во јуни 2006 година, кога преку сателитските снимки преку „Гугл“, биле забележан објект на кинеската страна на границата.

На сликата биле забележани округли згради, слични на воените. Ова е чудно, затоа што ниту една од земјите, тврдела дека не го надгледува ова подрачје, ниту пак има воени бази на истото.

Во интеракција со локалното население, кое живее на двете страни од границата, се дошло до информации дека во овој регион постои подземна база на НЛО. Наводно тие ги виделе како се спуштаат под земјата.

Летачките триаголни објекти, како што сведочат тие, летале право кон небото и брзо исчезнувале под земјата. Ова подрачје има строга политика за пристигнувањето на туристите, иако постои дозвола за патување меѓу двете земји.

Бројните извештаи кои стигнуваат од Ладак, редовно пишуваат за наводни НЛО, иако тие секогаш се криеле под етикетата „Кинески огнени фенери“. Дел од доказите се појавиле во 2004 година, во регионот Лахал Спити.

Тимот кој ја изведувал тамошната експедиција, на чело со доктор Анил Кулкарни, од ISRO, Центарот за вселенска апликација во Ахмедабад, бил составен од геолози и глациолози.

Тие снимиле хуманоиди од четири стапки како се движат низ долината, кои исчезнале во еден од објектите во НЛО. Оваа средба траела 45 минути, а четрнаесте луѓе, вклучувајќи ги и научниците, ја претставиле како доказ за средба со НЛО.

Доктор Кулкарни подоцна доставил верификувани детални извештаи. Во географскиот контект, во овој регион, е забележано приближување на индиски и евроазиски тектонски плочи. Преклопувањето на едната плоча со друга, резултира со тоа земјата да стане подебела од останатиот дел од регионот.

Кулкарни вели дека физичките услови се важен фактор, зошто вонземјаните го населиле овој регион. Слободата за создавање на подземни бази, длабоко под тектонските плочи, е нешто што не може да се изведе било каде.

Уште еден загрижувачки фактор е тоа што регионот конг ка ла е со гранитни карпи, но ниту една од владите никогаш не се обидела да корпа во тоа подрачје. Иако повеќето веруваат дека владите на земјите се свесни за ситуацијата и тамошните природни богатства.

Единствениот изненадување е необичното одесување на Кина и Индија и свесното откажување од можноста за експлоатација на тамошните ресурси, без посебна причина.

Религиозните приказни исто така се важни во научните дискусии. Некои хинду-аџии велат дека во ноќите на небото, забележале чудни светла како излегуваат од земјата и постојано се движат вертикално кон нагоре.

Следејќи ги светлата, тие стигнале до област на која кинеските власти не им дозволиле влез. Тие се обиделе да побараат дозвола и од индиската страна, но на нивно големо изненадување, исто така биле одбиени.

Водичот изјавл дека таквите средби се широко распространети низ целата област. Индиското обезбедување ги потврдило ваквите осветлувања, што се појавуваат од подземјето. Но, сепак, тие велат дека неовластен персонал не може да влезе во областа.

Во 2012 година, над езерото Пангонг бил забележан предмет во форма на буквата Н. Езерото се наоѓа помеѓу индиската и кинеската граница.

Во анализата на индиската армија учествувал анализатор кој бил способен да открие фреквенции емитирани од разни предмети. Она што изненадува е фактот дека иако објектот можел да е види кристално чисто со голо око, анализаторот не успеа да ги најде фреквенциите.

Ова јасно укажувало на тоа дека објектот е неметален. Бил користен дрон со цел да се соберат повеќе информации, но како дронот ја достигнал својата граница на висина, предметот исчезнал.

За неколку индиски војници, објектот изгледал како парче платно што лебди кон езерото Пангонг, сместено во затворениот домен на контролната линија.

ИТБП (моделот на граничната полиција на Индо-Тибет) и војската пријавиле необични сцени, кои биле видливи со голо око, но не можеле да бидат откриени на радарите.

Во извештаите испратени до седиштето во Делхи и ПМО, тие ги опишале како „Неидентификувани лесни предмети: кои можат да се видат и дење и ноќе. Се смета дека светлите предмети имаат сферична форма и се чини дека се формираат на кинеската страна на хоризонтот

Тие прелетуваат три до пет часа пред да целосно да исчезнат. Само во 2012 година биле пријавени 100 вакви извештаи за чудни светлини.

Она што ги прави овие извештаи уште поубедливи се тврдењата на локалното население за инциденти со чудни летачки светла и џиновски предмети.

На натпреварот за сликање организиран од тамошните училишта, повеќе од половина од учениците цртале чудни предмети што летале на небото.

Поради недостаток на научни докази, заради тешкиот терен, повеќе се ширеле гласините отколку што биле приложени факти и бројките. Анализата на претходните стручни записи укажува на абнормалност во овој регион.

Повторното појавување на овие копнени објекти го принудува човекот да почне да верува дека постои нешто на овие простори, но без какви било конкретни основи и научни објаснувања.

Тамошните популарни медиуми молчат и не дискутираат за ова. Многу официјални лица исто така веруваат дека мистериозните објекти може да бидат резултат на активности на Кина или ниски клучни истраги за утврдување на силата на Индија во регионот Ладах.

Може ли демографијата и географијата на големите хималајски области да бидат виновни за необичните глетки, прашуваат голем дел од научниците?

Share
Scroll to Top