Бившата членка на Кометал Ѓорче Петров, Едуарда Аморим Талеска стана мајка. Со нејзиниот сопруг Деан Талески станаа родители за првпат. Убавата вест ја објави бразилската ракометарка, која освен за Кометал, играше и за Ѓер, Ростов Дон и ЧСМ Букурешт.
„Оваа недела Идалина дојде на светот да внесе уште повеќе љубов и авантури во нашите животи.
Дома сме здрави и живи. Ви благодариме на сите за пораките и наклонетоста добиени во последните неколку дена“, рече Едуарда.
По завршувањето на кариерата како играч, таа беше дел од и од стручниот штаб на женската репрезентација на Македонија за баражот за Светското против Украина. Сестра ѝ, Ана Каролина Аморим, која исто така беше дел од Кометал Ѓорче Петров сега живее во Бразил и е во политиката.