Ракопис од Ајнштајн со Теоријата за релативноста е продаден за 11.6 милиони евра

Ракопис од Ајнштајн со Теоријата за релативноста е продаден за 11.6 милиони евра

пред 2 години

Ракопис на Алберт Ајнштајн, во којшто тој ја испитувал својата Теорија на релативноста, е продаден на аукција за рекордни 11.6 милиони евра, во Париз. Станува збор за ракопис на 54 страници напишан 1913/14 година во Цирих, Швајцарија, што го пишувале Ајнштајн и неговиот соработник Микеле Бесо.

Аукциската куќа „Кристи“, каде што се одржа лицитацијата, пред продажбата соопшти дека ваквите документи се многу ретки за тој период и воопшто за периодот пред 1919 година.

Претходните рекорди за ракопис на Ајнштајн беа 2.4 милиони евра, исплатени по наддавањето во 2018 година за еден напис за Бог,  и 1.39 милиони евра во 2017 година во Ерусалим, за писанието за тајната на среќата. Новиот продаден документ се проценуваше на два до три милиони евра. За разлика од двата претходни рекордни ракописи, овој запис е научно дело.

Share
Scroll to Top