Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ и бизнисменот Богдан Срејовиќ по една година ја прекинаа љубовната врска. Дека веќе не се заедно, тие открија преку соопштение, но не ја кажаа причината за раскинувањето.
„Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот“, стои во соопштението.
Цеца и Богдан, кој е девет години помлад од неа, првпат беа видени во јавноста лани во јануари. Оттогаш беа неразделни и времето го поминуваа заедно, одеа на патувања и често споделуваа заеднички слики и видеа на Инстаграм.
Јавноста почна да зборува дека тие имаат проблеми во врската пред неколку дена кога Цеца отиде сама на Малдивите, а Богдан во исто време беше фотографиран со непозната девојка.