Раста призна вина и доби една година во домашен притвор

Раста призна вина и доби една година во домашен притвор

пред 3 години

Српскиот рапер Стефан Џуриќ – Раста призна вина за недозволено поседување дрога за лична употреба, па со Вишото обвинителство во Белград се спогоди да помине една година во домашен притвор наместо во затвор.

Доколку судот ја потврди оваа спогодба, на Раста ќе му биде укинат притворот во кој се наоѓа од октомври 2020 година. Тогаш полицијата кај него и уште едно лице пронајде извесна количина сканк и кокаин, а Раста беше обвинет за продажба на наркотици. Тој, пак се бранеше дека дрогата е за лична употреба.

Според српскиот закон, за вакво кривично дело е предвидена парична казна или затвор до три години.

Share
Scroll to Top