Режисерката на првиот македонски филм на Netflix и дел од тимот на Преспав - Дина Дума во „Што го врти светот“

Режисерката на првиот македонски филм на Netflix и дел од тимот на Преспав – Дина Дума во „Што го врти светот“

пред 12 месеци

Вечерва во 20 часот, на каналите на „Што го врти светот“ ќе се сврти мубает за филм со Дина Дума. Дина е македонска режисерка чиј дебитантски долгометражен филм – „Сестри“и стана првиот македонски филм на Нетфликс. Станува збор за најгледаната стриминг платформа во светот. Покрај работата на „Сестри“, Дина веќе неколку сезони е дел од режисерскиот тим на серијата „Преспав“. Во „Што го врти светот“, таа ќе зборува за иновациите во филмот, можностите македонски филмови да бидат презентирани пред светска публика и зошто и покрај помалото финансирање нашите филмови прават огромни успеси. Кога се сериите во прашање, Дина има искуство и со работа на серија во македонски услови, но и во дистрибуција на содржина на Нетфликс. Дали можеби еден ден ќе имаме и наша серија на некоја од најгледаните платфроми во светот?

Поткастот со режисерката Дума ќе можете да го видите и слушнете на:

Јутјуб: https://www.youtube.com/@stogovrtisvetot

Спотифај: https://open.spotify.com/show/3Fj8RnAkc0CTXR7VeaEVYa

Додека ја чекате најновата епизода можете да ги слушнете епизодите со:

Филип Арсов – коосновач на компанијата со чија апликација ќе се подготвуваат за лет пилотите на Луфтханза групацијата, во која влегуваат неколку најголеми авио превозници во Европа и светот: https://www.youtube.com/watch?v=_ARNBMqKeyI&t=1794s

Или, Дарко Велков – креатор на компанијата vrabotuvanje.mk кој зборува за работните позиции на иднината и како вештачката интелегенција влијае на истите: https://www.youtube.com/watch?v=0CQQtL2MKC4

„Што го врти светот?“ е поткаст кој обработува теми поврзани со создавање на бизнис во Македонија, правење на успеси на светско ниво, мотивација и можностите кои технологијата ги нуди за нашата економија. Во речиси секоја епизода на поткастот се дискутираат Вештачката интелегенција, виртуелната реалност, дигитализацијата и борбата за создавање на сопствени, домашни брендови.

Share
Scroll to Top