Режисерот Емануеле Кријалезе откри дека е роден како жена на премиерата на својот нов филм

Режисерот Емануеле Кријалезе откри дека е роден како жена на премиерата на својот нов филм

пред 2 години

Италијански режисер Емануеле Кријалезе на премиерата на својот автобиографски филм на фестивалот во Венеција, откри дека е роден како жена.

dobivaj vesti na viber

Во филмот L’Immensita тој ја раскажува својата животна приказна, за италијанско семејство кое живее во Рим во 1970-тите, при што највозрасната ќерка се идентификува како момче, што дополнително ги заострува односите помеѓу неа и нејзините родители. Главната улога ја игра Пенелопе Круз.

„Филмот е инспириран од моето детство и мојата сопствена приказна. Биолошки сум роден како жена, но тоа не значи дека во мене немам и голем дел од женската личност. Тоа е можеби мојот најдобар дел“, изјави Кријалезе, кој во 2011 ја освои Специјалната награда на жирито во Венеција за филмот Terraferma.

Ова е првпат режисерот јавно да зборува за својата транзиција, но не откри детали.

„Во одреден момент морав да направам избор, дали ќе живеам или ќе умрам. Вие не избирате да одите на едно вакво патување, туку се раѓате таков“, кажа Кријалезе на премиерата, на која го придружуваше шпанската глумица.

Share
Scroll to Top