Ретка колекција книги за Џејмс Бонд на продажба за 475 илјади фунти

Ретка колекција книги за Џејмс Бонд на продажба за 475 илјади фунти

пред 3 години

Ретка колекција на првото издание на книги за тајниот агент Џејмс Бонд ќе се продава на аукција за 475 илјади фунти. Колекцијата ги содржи сите 14 книги за тајниот агент „007“ што ги напишал Ијан Флеминг, од кои десет имаат рачно напишана посвета од Флеминг, пренесуваат светските медиуми.

„Тоа им дава дополнителна вредност на книгите, бидејќи Флеминг знаел дека книгите добиваат поголема вредност кога се потпишани“, вели Џон Еткинсон, дилер на книги со седиште во градот Харогат, Англија, кој помогнал колекцијата да се состави за приватен колекционер.

Еткинсон објаснува дека му требале години за да ја состави колекцијата.

„Ги наоѓав книгите на сите страни на светот. За некои од нив моравме и да се бориме“, вели Еткинсон.

Колекцијата е дополнета со книгата „Теренски водич за птици од Западна Индија“ напишана од орнитологот Џејмс Бонд, според кој Флеминг го дал името на својот славен лик.

Share
Scroll to Top