Ретро ѕвонарките се повторно во мода

Ретро ѕвонарките се повторно во мода

пред 3 години

Дека модата се враќа – доказ за тоа се и панталоните кои ги носевме во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век.

Многумина ги обожаваат ѕвонарките, а има и такви кои не се баш фанови на ваквиот стил. Како и да е, популарните ѕвонарки, во малку редизајниран облик, се апсолутен хит за оваа пролет и баш сите модни куќи ги пласираа на пазарот. Исто така, се носат модели со исклучително длабока половина, што наговестува дека модата на плитките панталони е дефинитивно зад нас.

Кога материјалите се во прашање – се носат тексас, ленени, платнени, свилени… сите материјали доаѓаат предвид.

Што се однесува до изборот на облека која се комбинира со ова ретро модно парче, сè е дозволено – од потпетици, преку патики и влечки, до сандали, во зависност каков стајлинг сакате да постигнете, поелегантен или поспортски.

Share
Scroll to Top