Рецепти за посни торти без печење за Ѓурѓовден

Рецепти за посни торти без печење за Ѓурѓовден

пред 2 години

Посни торти кои може да се најдат на вашата трпеза

dobivaj vesti na viber

Посна бисквитна торта
Првото место го зазема бисквитната торта. Многу едноставно, потребни се неколку минути за да се подготви.
Потребни состојки: 250 грама посен маргарин, 200 грама шеќер во прав, 600 грама мелени бисквити, 200 милилитри сок од портокал.
Подготовка: Маргаринот изматете го со шеќерот во прав, па додајте ги мелените бисквити и сокот и убаво измешајте. Тортата е подготвена. Оваа торта можете да ја обликувате по ваша желба, бидејќи е густа и од неа можете да направите навистина различни форми. Оставете ја во фрижидер да се стегне, барем еден час. Исто така, колачот можете да го збогатите со разни посни преливи. Можете да додадете и некое замрзнато овошје по избор, а тортата можете да ја декорирате со посен шлаг или растопено посно чоколадо.

Посна маркизна торта
Потребни состојки: 300 грама посни бисквити, 250 грама посен маргарин, 250 грама шеќер во прав, 200 грама мелени лешници и 200 грама посно чоколадо.
Подготовка: Маргаринот изматете го со шеќерот во прав, па додајте ги мелените лешници и убаво измешајте. Чоколадото растопете го на пареа, па додадете го и филот и уште еднаш убаво измешајте сè. Потопете ги бисквитите во малку вода или сок, па наредете ги во соодветен плех. Филот оди врз бисквитите. Можете да наредите ред бисквити, ред филов, во тесен калап колачот ќе изгледа убаво. На крај украсете го колачот по желба, по можност со малку растопено чоколадо и посипете со крупно сецкани лешници.

Share
Scroll to Top