Рецепт за домашна супа со кромид

Рецепт за домашна супа со кромид

пред 2 години

Состојки:
1 кромид, маслиново масло, коцка путер, 1 морков, ¼ целер, 1 коцка за говетска супа, 50 гр сирење Ементалер сирење, 1 лажица шеќер, 2 лажици брашно, оцет, 2 чешниња лук, 1 тост леб, китка магдонос.

Подготовка:
Кромидот исечкајте го на тенки прстени. Во тава ставете ги путерот и маслиновото масло, а потоа додадете го кромидот да се динста нежно 20 до 30 минути. Во друга тава ставете вода да се загрее, па додадете ги ситно исечканите целер и морков, свежиот магдонос и коцка за говетска супа.

Во тавата со кромидот додајте го шеќерот и брашното, па прелијте ја супата подготвена во другата тава. Додадете малку оцет. Испечениот леб премачкајте го со лук, одозгора ставете рендано сирење Ементалер и ставете го во рерна 5 минути.

Послужете ја супата од кромид со тост леб од рерна.

Share
Scroll to Top