Можеби се чини лудо, но љубителите на хамбургери редовно чекаат повеќе од 1 час за да имаат можност да го вкусат Шакбургерот на Шејк Шак. Овој хамбургер е едноставен, но премногу вкусен и просто совршен.
Потребни состојки:
За шак сосот:
1/2 чаша мајонез
1 лажица кечап
1 лажица сенф
4 резанки од корнишони
1/4 лажица лук во прав
1/4 лажица црвен пипер
За плескавиците:
1/2 килограм мелено говедско месо
2 лажици путер, на собна температура
4 лепчиња од сладок компир (следува видео со упатство како да ги направите)
4 листови зелена салата
8 резанки домати
1/2 лажица растително масло
Сол по вкус
Свежо измелен црн бибер
4 резанки кашкавал
Упатство
1. Измешајте ги мајонезот, кечапот, сенфот, краставичките, лукот во прав и црвениот пипер во миксер додека да се формира униформна маса. Потоа префрлете ја смесата во шише на стискање.
2. Измесете го меленото месо во четири плескавици, секоја голема околу 5-6 сантиметри, и ставете ги во фрижидер.
3. Расечете ги лепчињата и нанесете тенок слој путер, и потпечете ги во тава додека да станат кафеави, во времетраење од 1 минута. Со помош на шишенце на стискање, напрскајте околу една лажица од шејк сосот на горната половина од лепчето. Ставете по еден лист зелена салата и две резанки домат на горната половина од секое лепче.
4. Загрејте масло во поголема тава. Во меѓувреме, обилно зачинете ги плескавиците од горната страна со сол и бибер, и потоа ставете ги во тавата од зачинетата страна. Со рамна лопатка, лесно натиснете ги плескавиците за да ги израмнит. Зачинете ја и горната страна со сол и бибер. Пржете така околу две минути, додека не се формира крцкава кафеава кора.
5. Внимателно извадете ги од тавата и врз секоја од нив ставете по едно парче кашкавал и пржете ги додека да се стопи кашкавалот. Ставете ги плескавиците во претходно приготвените лепчиња и сервирајте додека е топло.