Состојки за основата: 300 гр брашно, 170 гр ладен путер, 2 лажици шеќер, 1-2 лажици ладна вода.
Состојки за филот: 340 гр ореви, 200 гр кафеав шеќер, 125 мл мед, 125 мл шлаг, 115 гр путер, 55 гр темно чоколадо.
Подготовка на пита со ореви и чоколада:
Подготовка на основата: Исечете го путерот на коцки со големина од околу 1 сантиметар. Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот и коцките путер. Со прстите втријте го путерот во брашното додека не се соединат сите состојки. Додадете една лажица ладна вода и измешајте ги сите состојки со вилушка. Тестирајте ја смесата – ако можете да формирате топка со рацете без да се распадне, тестото е готово. Ако не можете, додадете ја преостанатата лажица вода и повторно измешајте.Тестото обликувајте го во топка, завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер најмалку еден час да се стегне и излади. По желба можете да го оставите тестото во фрижидер преку ноќ. Изладеното тесто ставете го помеѓу две парчиња хартија за печење и расукајте го во круг со дијаметар од околу 30 сантиметри. Истегнатото тесто притиснете го во претходно намачкан калап за пита. Ставете го во фрижидер 30 минути. Над изладеното тесто ставете хартија за печење и наполнете го со керамички топчиња за печење или суров ориз. Ставете го тестото во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 35 минути. Извадете ги топчињата и хартијата за печење и проверете дали тестото е испечено до крај. Ако не, ставете го во рерна уште три до пет минути. Изладете ја кората за пита. Намалете ја температурата на рерната на 180 Целзиусови степени.
За фил: грубо исечкајте ги оревите. Во тенџере растопете путер со кафеав шеќер и мед. Измешајте сè и варете околу една минута. Потоа додадете ги оревите и шлагот. Гответе уште една минута, а потоа истурете сè заедно на изладената и термички обработена основа. Вратете ја питата во рерна уште 30 минути. Чоколадото растопете го на пареа или во микробранова печка и посипете го врз оревите на питата. Добро изладете пред послужување.