Решете се засекогаш од целулитот

Решете се засекогаш од целулитот

пред 3 години

Ви носиме неколку совети кои ќе ви помогнат во борбата со женскиот најголем непријател – целулитот.

Спречете го задржувањето течности во телото

Намирниците кои би требало да ги избегнувате за да му помогнете на својот организам да се реши од вишокот течности се солта и солената храна, а ви советуваме да практикувате поголем внес на вода во организмот. Јадете што повеќе целер, брусница и аспарагус.

Согорувајте масти

Иако и слабите жени имаат целулит, преголемата концентрација на масти во организмот може да ја влоши ситуацијата. Ве советуваме да придржувате диети во која организмот ќе внесе помал број калории. Избегнувајте нездрава храна и наместо хамбургери, јадете овошје и зеленчук.

Хидрирајте ја кожата

Полошо од самиот целулит може да изгледа само целулитот на сува, ненегувана кожа. Колку повеќе пиете вода, толку вашата кожа ќе изгледа поглатка и посјајна, а целулитот ќе биде помалку забележлив. Здравите масти ќе ја хидрираат вашата вожа и затоа зголемете ја хидратацијата. Јадете што е можно повеќе бобинки, семки, маслинки и риба. Сета оваа храна може да биде ваш главен адут во борбата против целулитот.

Намалете го нивото на естроген

Еден од најважните намирници во борбата против целулитот е ленот. Тој содржи фитоестрогени кои го нормализираат нивото на естроген во организмот. Затоа не се двоумете за појадок омилените житарки да ги збогатите со семки од лен. Други намирници во кои исто така можете да најдете фитоестрогени се брокулата, кељот и зелката.

*дополнителен совет

Доколку ги примените сите овие совети, борбата со целулитот ќе стане многу полесна, но имаме уште едно оружје со кое може да се послужите. Почнете со двонеделна диета со која ќе ја намалите видливоста на целулитот на кожата. Диетата ќе ви помогне во исфрлањето токсини од телото и ќе го смали нивото на токсини во организмот. Јадете протеини, овошје и зеленчук и на тој начин ќе ја избегнете масната и зачинета храна.

Share
Scroll to Top