Ријана објави дека е бремена и го чека првото дете

пред 2 години

Поп-ѕвездата Ријана објави дека го чека своето прво дете со раперот Асап Роки преку фотографии споделени во понеделникот, а на кои двојката се држи за раце и открива видлив труднички стомак.

Фотографот Мајлс Дигс на својот Инстаграм-профил објави фотографија со натпис „Таа е!“

На фотографиите споделени на социјалните мрежи, а потоа преземени од светските таблоиди, Ријана (33) е облечена во фармерки и розова јакна, делумно отворена, така што го открива нејзиниот гол стомак. Според магазинот „Пипл“, фотографиите се направени за време на викендот во Харлем.

Пејачката родена во Барбадос, чие родено име е Робин Фенти, има освоено девет „Греми“ награди, и исто така има сопствен бренд за шминка и долна облека.

Ријана и Роки беа пријатели многу години пред да започнат љубовна врска. Раперот за магазинот GQ во мај 2021 година изјави дека таа е љубовта на неговиот живот и дека тој апсолутно сака да биде татко.

 

Share
Scroll to Top