Роверот „персеверанс“ ќе слета на Марс на 18 февруари

пред 3 години

Роверот „персеверанс“ на НАСА ќе слета во кратерот Језеро на Марс на 18 февруари околу 21.30 часот. Кратерот го добил името по општината Језеро во Босна и Херцеговина, во западниот дел од Република Српска. Од НАСА најавија дека ќе применат нова техника на меко слетување. Првпат на Марс ќе лета и мал хеликоптер.

Ако малиот роботски ровер „персеверанс“ успешно слета на површината на Марс, односно во кратерот Језеро, ќе има задача да собира климатски и геолошки податоци, примероци од карпите и површината и да го истражува постоењето микроорганизми на Црвената планета.

Роверот е лансиран во јули, а НАСА очекува дека ќе овозможи директен пренос од слетувањето за да може целиот свет да го види овој настан. Вселенската агенција деновиве објави и трејлер за мисијата „Персеверанс“, што изгледа како реклама за долгоочекуваниот научен подвиг.

Share
Scroll to Top