Ровињ е најубавиот крајбрежен град во Европа

Ровињ е најубавиот крајбрежен град во Европа

пред 2 години

Списанието Conde Nast Traveler ги избра најубавите крајбрежни градови во Европа, а на прво место е Ровињ во Хрватска, односно Истра во целина.

dobivaj vesti na viber

Уредниците на списанието го опишале хрватското крајбрежје со зборовите: „Мека, топла вода наспроти ненадејните слоевити карстни карпи. Градот се врти околу урнатините на империите, духовите на 20. век, преклопувајќи ги минатото и иднината“. Уредникот напишал и дека често се враќа на оваа дестинација, посетувајќи ги и островите Хвар и Вис.

Градот Ровињ е опишан како „речиси остров, каде што морето е врамено меѓу средновековните ѕидини покрај водите во кои децата скокаат како да се на аудиција за филмот на Антониони. Брегот е замаглен од борови шуми и мали заливи, а меѓу дрвјата се зомби урнатините на клубовите на плажата од седумдесеттите години, бетонски маси за пинг-понг кои полека тонат во грмушките“.

На листата по Истра се и плажата Салеќа на Корзика, островот Фавињана во Италија, Ваденското Море во Данска, Поркерол во Франција, Антиб во Франција, Фуертевентура на Канарските острови во Шпанија. Tука се и Компорта во Португалија, Посилипо во Италија, Коста да Морте во Шпанија и Островите Лофотен во Норвешка.

Share
Scroll to Top